Скопје, 26 февруари 2020 (МИА) – Претседателот Трајковски секогаш ќе го паметиме по неговата визија за успешна Македонија, порача денеска преку Фејсбук статус претседателот Стево Пендаровски денеска кога се одбележуваат 16 години од трагичната смрт на Борис Трајковски.
-Денеска одбележуваме 16 години од смртта на прерано и трагично загинатиот претседател Борис Трајковски и членовите на неговиот Кабинет и мои некогашни колеги. Претседателот Трајковски секогаш ќе го паметиме по неговата визија за успешна Македонија, неговата клучна улога во процесот на помирување и склучувањето на Охридскиот рамковен договор и неговата непосредност и ведрина, напиша Пендаровски.
-Денеска им оддаваме чест на Претседателот Трајковски и членовите на Кабинетот со полагање цвеќе кај Ротимље и на местата на нивните вечни почивалишта. Слава им, секогаш ќе живеат во нашите спомени, додаде претседателот на државата. ац/