Утрински Весник
Македонија

Пендаровски: Нема потреба за нова вонредна состојба (во живо)

Пендаровски: Нема потреба за нова вонредна состојба (во живо)

Скопје, 12 јуни 2020 (МИА) – Претседателот Стево Пендаровски смета дека нема потреба да прогласи нова вонредна состојба. Тој во денешното обраќање до јавноста рече дека постои законска регулатива во случај да има потреба да се применуваат мерките како што се полициски час или воведување други превентивни мерки.

Претседателот Пендаровски досега прогласи четири вонредни состојби, две по 30 и две по 14 дена. Последната вонредна состојба беше прогласена на 20 мај и истекува в сабота утре – 13 јуни.

Третата, истотака, четиринаесетдневна вонредна состојба ја прогласи претседателот Пендаровски на 15 мај. Претходните две беа триесетдневни, а првата беше прогласена на 18 март.

Одлуките на шефот на државата за прогласување вонредна состојба останаа непотврдени од Собранието, поради тоа што пратениците се саморапуштија.

Ако парламентарниот состав не беше распуштен, наместо претседателот Пендаровски, Собранието ќе требаше да ги донесе одлуките за прогласување вонредна состојба, како што е предвидено со Уставот.

Првите две одлуки за вонредна состојба беа оспорени пред Уставниот суд, но тој реши дека нема основа за поведување постапка за оценување на нивната уставноста и законитост. сст/са/

Обраќање на претседстелот Стево Пендаровски по повод завршување на вонредната состојба

Posted by MИА.mk on Петок, 12 јуни 2020

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Доне Таневски продаде голем удел од акциите во „Македонија турист“ – „Скопски пазар“ на Фатмир Етеми ја зацврстува позицијата на втор најголем акционер

Лукаревска: СДСМ поднесе амандман за поддршка на зелената транзиција и намалување на загадувањето

НСО: Исплатени обврските кои беа заостанати од потпишувањето на колективниот договор