Утрински Весник
Македонија

Пендаровски: Нема заострена реторика во разговорите со Бугарија

Пендаровски: Нема заострена реторика во разговорите со Бугарија

Не смееме да се спуштиме на уличарско ниво, вели претседателот Стево Пендаровски, негирајќи дека ја заострил реториката во комуникацијата со Бугарија, по кочницата за отпочнување на преговорите со ЕУ. Пендаровски смета дека неговиот став оти Бугарија не може да обвинува за непочитување на Договорот за пријателство и во исто време да додава нови барања, не е обид да се покажеме како поголеми патриоти од соседите.

„Јас не мислам дека ја заострувам реториката, воопшто. Јас во тоа интервју само кажувам дека она што се последни бугарски барања, не се содржани во Договорот за добрососедство. Може да ги земете сите мои интервјуа наназад, пет-шест месеци, година дена дури, не постои заострување на реториката или обид да сега се покажеме за поголеми патриоти. Мој став е дека ние не смееме да се спуштаме на уличарско ниво во разговорите со Бугарија, со Германија, во разговорите со било кого. Ние во овој момент имаме доверба од граѓаните да ја водиме оваа држава. И ние не само во овој спор, ние мора да прикажеме географски дека сме европска држава во која има демократска власт, која владее на демократски начин и се изразува на европски начин. Не само во овој момент, ниту еден момент не е добар за со лажен патриотизам да правите политички рејтинг“, рече Пендаровски.

Премиерот Зоран Заев вели дека ако седне на маса со Мицкоски, може да се извлечат само мотивации за нови кавги меѓу Македонија и Бугарија.

Тој додаде: „Ако сакаме да се скараме со Бугарија, не ми треба Мицкоски, тоа можам и сам да го направам. Целта е градење на пријателство“.

„Продолжуваме со пријателска реторика. Реторика на дијалог, а не реторика на создавање конфликти. Ние со Бугарија имаме комуникација на сите нивоа. Секако доминантно комуникацијата е меѓу двајцата министри за надворешни работи. Работат работни групи и негуваме надеж да направиме се, додека е тоа возможно, до почетокот на декември односно одржување на прва Меѓувладина конференција. Ние сме пријатели со Бугарија. Колку и да е тешко и болно ова што го чувствуваме како неправда, сепак треба да изнајдеме европско решение, низ дијалог, инвентивност, разговор, разбирајќи се меѓу себе за сопствените позиции. Само низ такви начини тоа ќе го направиме. Испраќам порака за наратив кој ќе не држи пријатели со соседите“, кажа Заев.

Договорот за добрососедство не создава правна основа за блокирање, рече Пендаровски.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Минчев: Имаме преголема и пребавна јавна администрација, работиме на нејзино кратење

Кичево – Охрид ќе биде завршен до крајот на 2026 година, ветува Николоски

ВО МАКЕДОНИЈА ДОАЃА ГОЛЕМ ВЛАЖЕН И ЛАДЕН ЦИКЛОН: Ќе донесе многу дожд, снег и снежна покривка од над 40 сантиметри!