Утрински Весник
Македонија

Пендаровски на 56. Минхенска безбедносна конференција

Пендаровски на 56. Минхенска безбедносна конференција

Скопје, 15 февруари 2020 (МИА) – Претседателот Стево Пендаровски учествува на 56. Минхенска безбедносна конференција, која се одржува викендов во Минхен.

Пендаровски, како што соопшти неговиот кабинет, предвидено е утре да се обрати на конференцијата и да има средби со дел од учесниците на собирот.

На 56. Минхенска безбедносна конференција учествуваат над 500 лидери во областа на политиката, бизнисот, академската сфера, граѓанското општество, здравствени организации, вклучувајќи над 35 шефови на држави и влади и над 100 министри за надворешни работи и за одбрана.

– Меѓу најавените учесници на собирот се американскиот државен секретар Мајк Помпео, францускиот претседател Емануел Макрон, канадскиот премиер Џастин Трудо, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, членови на Европската комисија итн., се наведува во соопштението.

Претседателот Пендаровски, вчера во Минхен, на маргините на конференцијата, оствари билатерални средби со претседателот на Република Литванија, Гитанас Науседа, со претседателот на Република Молдавија, Игор Додон и со премиерот на Канада, Џастин Трудо. скс/дма/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Собранието избра нови вицегувернери – Митреска реизбрана, Величковски ново име во тимот

Приведени 18 возачи, од кои двајца малолетници, а двајца учествувале во сообраќајни незгоди

Работна средба Мичнев – Скот Хејзлет, акцент ставен на активности за отворена, транспарентна и отчетна власт