Утрински Весник
Македонија

Пендаровски на средби со претседателите на Бугарија и Италија во Рим

Кабинетот на Пендаровски: Ставовите на претседателот за 27 април се кристално јасни

Претседателот, Стево Пендаровски, денеска на пладне на Меѓународниот аеродром Скопје ќе има средба со претседателот на Бугарија, Румен Радев, по што двајцата претседатели со државниот авион на Бугарија ќе заминат во посета на Италија и Светата Столица.

По пристигнувањето во Рим, предвидено е претседателот Пендаровски да има средба со претседателот на Италија, Серџо Матарела.

Во четврток, 27 мај, Пендаровски, ќе има аудиенција кај Папата Франциск, а ќе има средба и со државниот секретар на Светата Столица, кардиналот Пјетро Паролин.

Потоа, во базиликата „Сан Клементе“ ќе положи цвеќе на гробот на Свети Кирил.

Во попладневните часови, Пендаровски заедно со Радев ќе ја посети базиликата „Санта Марија Маџоре“ и заеднички ќе оддадат почит на делото на Светите браќа Кирил и Методиј.

Можете да прочитате

Групни и индивидуални маски низ вевчанските улици

Судиите на 29 јануари ќе избираат член на Судскиот совет од редот на судиите од немнозинските заедници

Судот му изрече 17 години затвор на турскиот државјанин кој уби сонародник во кафуле во Штип