Утрински Весник
Македонија

Пендаровски му го предаде мандатот на Заев за составување нова влада

Пендаровски му го предаде мандатот на Заев за составување нова влада

Претседателот на државата, Стево Пендаровски напладне во Вилата Водно му го предаде мандатот за составување нова влада на лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

Церемонијата се случи откако Заев, во име на коалицијата ‘Можеме’, која има освоено најголем број пратенички мандати во Собранието, го информирал вчера претседателот Пендаровски за преговорите со повеќе партии за обезбедување на неопходното мнозинство во Собранието за избор на влада.

„Чест и одговорност ми е што согласно Уставот како предводник на СДСМ и коалицијата „Можеме“ денеска од страна на претседателот Пендаровски го добивам мандатот за нова демократска, европска влада со институции коишто подобро ќе им служат на граѓаните“, рече Заев. Тој најави дека во рок од 20 дена ќе изготват програма и ќе направат обид за составување на стабилна влада.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Мицкоски: Штетните политики на СДСМ и Венко се поразени, а на следните избори ќе бидат целосно декласирани

ВЛЕН: Блерим Беџети и европските вредности, следната пародија од ДУИ

Газменд Алиу нов директор на Институтот за стандардизација