Утрински Весник
Македонија

Пендаровски: Заев ќе го врати мандатот ако не обезбеди мнозинство

Пендаровски: Заев ќе го врати мандатот ако не обезбеди мнозинство

Зоран Заев го добил мандатот поради тоа што истекуваат уставните рокови, сепак, ако не успее да формира Влада, мандатот ќе го добие Христијан Мицкоски. Вака претседателот Стево Пендаровски го образложи доделувањето на мандатот на Зоран Заев, по средбата со лидерот на опозицијата.

Пендаровски вели дека од Заев не барал гаранција за 61 пратеник, а нема да бара ни од Мицкоски доколку Заев не успее да ја формира владата.

Наспроти мислењето на опозицијата која тврди дека Собранието не е конституирано зашто не е избран претседател на Парламентот, Пендаровски вели дека со верификација на мандатите на пратениците Собранието е конституирано и тој во согласност со Уставот, мора да го довери мандатот за формирање влада.

Пендаровски рече дека е прилично изненаден од начинот на кој бил закажан денешниот состанок, на прес-конференција, со точно утврдено време.

„Пешки да дојдеш од Центар до Вила Водно, ќе се согласите необично е да отидете така до било која институција, особено кај претседател на државата. Со Мицкоски изминативе година дена имавме одлична комуникација, се слушавме и после полноќ. Можевме и поинаку да се сретнеме, но овој кабинет е отворен за сите граѓани на земјата“, рече Пендаровски.

По средбата на Пендаровски и Мицкоски која траеше околу час и половина, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ изјави дека неговата партија ги замрзнува односите и комуникацијата со Пендаровски. 

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Заменик министерот Исени на 115 сесија на Советот на Меѓународната организација за миграции во Женева

Македонија е избрана за членка на Извршниот совет на Организацијата за забрана на хемиско оружје (OPCW) (2025–2027)

СДСМ: Скопје и Аеродром со ВМРО-ДПМНЕ го живеат најголемиот ужас од своето постоење