Утрински Весник
Македонија

Пендаровски е подготвен да разговара за сите прашања кои Мицкоски сака да му ги постави

Пендаровски е подготвен да разговара за сите прашања кои Мицкоски сака да му ги постави

Шефот на државата, Стево Пендаровски ќе го прими на средба лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски заедно со пратениците од партијата, доколку тој го побара тоа, велат од претседателскиот кабинет.

Оттаму додаваат дека Пендаровски е подготвен да разговара за сите прашања кои Мицкоски сака да ги постави, по што, доколку средбата се одржи, ќе соопштат детали за истата.

Мицкоски преку медиумите најави дека со дел од пратеничката група попладнево ќе се упатат кон канцеларијата на претседателот Стево Пендаровски за да проверат дали Заев доставил доказ за обезбедено собраниско мнозинство.

Мицкоски го обвини Пендаровски дека му го доделил мандатот на Зоран Заев без приложен доказ дека навистина има обезбедено собраниско мнозинство.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, најави и следни чекори, доколку Пендаровски не го оправда доделувањето на мандатот на претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Семејства затекнале бетонирани гробови и поместени парцели – АД „Бутел“ ја призна грешката!

Ја гореле со цигари и ја снимале со телефон, девојче тепано и понижувано од нејзини врснички во Ѓорче Петров

По години чекање конечно старт на Универзалната сала – Дали овојпат навистина ќе се заврши?