Утрински Весник
Македонија

Пендаровски го посетија 20-тина млади луѓе во рамки на проектот „Учиме право“

Пендаровски го посетија 20-тина млади луѓе во рамки на проектот „Учиме право“

Во рамки на проектот „Учиме право“ (Street Law) на Младинскиот образовен форум, преку кој младите се едуцираат за човековите, граѓанските и политичките слободи и права, демократијата и концептот на владеење на правото, Европската Унија и процесот на евроинтеграција на нашата земја, денеска Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија го посетија 20-тина средношколци од неколку градови во земјава.

Имајќи предвид дека програмата „Учиме право“ е изградена на принципите на неформалното образование, младите имаа можност одблизу да се запознаат со работата и со историјатот на Кабинетот на Претседателот на државата, да влезат во дел од работните постории во Вила Водно, како и лично да се сретнат со претседателот Стево Пендаровски.

Во разговор со средношколците, претседателот Пендаровски ги информираше за своите уставни и надлежностите во надворешната политика, во секторите одбрана и безбедност, за обврските како Врховен командант на вооружените сили, како и за политичката функција на институцијата Претседател.

„Институцијата Претседател треба да претставува мост меѓу различните политички интереси во нашата земја. Мојот Кабинет е отворен за сите политичари, без разлика дали се на власт или во опозиција“, рече претседателот Пендаровски во разговорот со младите луѓе.

Истовремено претседателот Пендаровски им порача на младите луѓе да бидат будни и гласно и неуморно да се борат за своите права. Бидејќи, како што додаде претседателот Пендаровски, ниту една држава не може да напредува, ако од животот во неа се задоволни само возрасните.

„Вие, младите генерации треба побрзо да ги учат лекциите за демократија. На политичарите не смеете да им дозволите да имаат мирен мандат“, заклучи претседателот Пендаровски.

Средношколците од своја страна, во разговор со претседателот Пендаровски, истакнаа дека целта на проектот „Учиме право“ е да создаде врска помеѓу концептот на демократијата, човековите права и правниот систем и нивното влијание во секојдневниот живот.

Кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија и Вила Водно и натаму остануваат отворени за сите граѓани, односно за секој што има желба и интерес да ги види работните простории на Вилата, салите каде што се организираат свечености, настани, прес – конференции и средби, се наведува во соопштението.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

БИДЕТЕ ВНИМАТЕЛНИ: Во Македонија доаѓа ново невреме

Коѕијас: Грчката влада не само што не ги направи пропишаните меѓувладини дејствија, туку Мицотакис не ни стапна во Скопје

Мицкоски: Ќе се залагам за принципот „своето не го даваме, туѓото не го сакаме“