Утрински Весник
Македонија

Пендаровски ги прими акредитивите на новиот грчки амбасадор, Русос Кундурос

Пендаровски ги прими акредитивите на новиот грчки амбасадор, Русос Кундурос

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваниот вонреден и ополномоштен амбасадор на Грција, Русос Кундурос.

„На церемонијата, претседателот Пендаровски рече дека односите меѓу двете земји денес се карактеризираат со пријателство, висок степен на политички дијалог и посветеност на политиката на добрососедство и регионалната соработка. Претседателот Пендаровски изрази и уверување дека во периодот којшто следи приоритет ќе биде реализација на конкретни проекти, коишто ќе влијаат на натамошно интензивирање на економските релации“, соопштија од Кабинетот на Пендаровски.

Амбасадорот Кундурос истакнал дека Грција е подготвена да ја поддржи нашата земја во процесот на пристапување кон Европската Унија и искажал цврста заложба за јакнење на севкупните билатерални односи, со посебен акцент на унапредување на економската соработка.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Уапсен 18-годишен ученик кој се заканувал дека ќе постави бомби и ќе изврши убиства во тетовско средно училиште

Финансиска полиција со кривична пријава против екс директор на Комунална хигиена

Фрчкоски: „Руднап” и Божиновска се клучниот линк, АКТ на СДСМ откри нов дел од бизнис мрежата на Мицкоски