Утрински Весник
Македонија

Пендаровски брифиран за активностите на армиските единици ангажирани во услови на вонредна состојба

Пендаровски брифиран за активностите на армиските единици ангажирани во услови на вонредна состојба

 

Скопје, 24 март 2020 (МИА) – Претседателот и Врховен командант на вооружените сили Стево Пендаровски денеска одржа состанок со началникот на Генералштабот на Армијата на Република Северна Македонија генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, кој го брифираше за ангажманот на припадниците на Армијата на целата територија на државата во справувањето со последиците од епидемијата на Ковид-19, во услови на прогласена вонредна состојба.

Како што соопштија од кабинетот на претседателот, Пендаровски беше информиран и за проширените активности на Армијата во соработка со полициските сили, како и за поддршката што Армијата ја дава на цивилните структури, здравствените работници, Црвениот крст, Центарот за управување со кризи, Дирекцијата за заштита и спасување и локалната самоуправа.

Составен дел на денешниот брифинг, се посочува во соопштението, беше и ангажманот на Армијата на јужната и северната граница на земјата, каде армиските единици заедно со полициските сили се ангажирани за справување со потенцијално зголемен наплив на мигранти и бегалци како дел од „Балканската рута“ вг/дма/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Бојмацалиев: Честит 7 Мај, Денот на македонската полиција, денеска МВР е во топ три најтранспарентни институции

Самит на „Македонија 2025“ на 15 и 16 мај во Скопје

Во Аеродром се одржа централната прослава од одбележувањето на Денот на македонската полиција – 7 Мај