Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Пелоси: Кина не може да спречи да се патува на Тајван

Img 7972

Претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси изјави дека Кина не може да ги спречи светските лидери да патуваат на Тајван.

dobivaj vesti na viber

Пелоси изјави дека „Тајван е спречен да учествува на состаноци на глобално ниво“ поради противењето на Кинеската Комунистичка партија, наведувајќи го како пример неодамнешниот состанок на Светската здравствена организација.

„ Иако можат да го спречат Тајван да ги испраќа своите лидери на глобални форуми, тие не можат да ги спречат светските лидери или некој друг да патуваат во Тајван за да оддадат почит на неговата процутена демократија, да ги истакнат нејзините многубројни успеси и да ја потврдат нашата посветеност на континуирана соработка“, рече Пелоси.

Таа направи кратка и ненајавена посета на Тајван, што наиде на остра осуда од Кина и доведе до зголемени тензии во Тајванскиот теснец.

Тоа беше прва посета на претседател на Претставничкиот дом на Конгресот на САД на Тајван од 1997 година.

Можете да прочитате

Колумбија протера израелски дипломати поради запирањето на флотилата за помош за Газа

Макрон: Ја потценивме Русија – 24info.mk

САД му ветија безбедносни гаранции на Катар, по неодамнешниот израелски напад во Доха