Утрински Весник
Спорт

Пеколен судар во Ф2 трката, Фитипалди и Пуршер завршија во болница!

Пеколен судар во Ф2 трката, Фитипалди и Пуршер завршија во болница!

Формула 2 трката во Саудиска Арабија беше прекината веднаш по стартот по застрашувачкиот судир меѓу Енцо Фитипалди и Тео Пуршер, по кој двајцата возачи завршија во болница.

На стартот на трката, болидот на Пуршер остана заглавен на патеката, по што Фитипалди, инаку внук на легендарниот Ф1 шампион Емерсон Фитипалди се удри директно во него со огромна брзина. Според „ЕСПН“, Фитипалди со хеликоптер е однесен во болница, но покажал палец пред да биде транспортиран, што значи дека е свесен.

> Пеколен судар во Ф2 трката, Фитипалди и Пуршер завршија во болница! <

Можете да прочитате

Арсенал и Баерн обезбедија место во осминафиналето на Лигата на шампионите

Заврши првата фаза на Европското првенство во ракомет

Ѓоковиќ се пласираше во третото коло на Австралија опен