Утрински Весник
Свет

Пекинг погоден од најлошата песочна бура, откажани бројни летови

Пекинг погоден од најлошата песочна бура, откажани бројни летови

Пекинг, главниот град на Кина, утрово осамна во облак од песок носен од бурен ветер од пустината Гоби, а метеоролошката служба објави дека тоа е најголемата песочна бура во последната деценија и прогласи жолт метеоролошки аларм.

„Ова е најсилната песочна бура што ја погоди нашата земја во последните десет години, а ја опфаќа и најголемата површина“, наведува Националниот метеоролошки центар.

Соседна Монголија исто така се најде на удар од песочната бура во која исчезнаа 341 лице.

Според официјалните податоци, на меѓународниот аеродором во Пекинг се откажани најмалку пет летови .

Екстремно високо ниво на загадување на воздухот е откриено во главниот град на Кина, со повеќе од 8.000 микрограми штетни честички на метар кубен, додека Светската здравствена организација дефинираше дека се дозволени максимум 50 микрограми.

Еколозите велат дека Кина мора да стори повеќе за да ја намали зависноста од јаглен, поради што стана најголем емитер на штетни гасови што влијаат на создавање на климатски промени.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Жена обвинета откако мало дете е пронајдено во куфер во Нов Зеланд

Пакистан и Иран имаат за цел да ја зголемат билатералната трговија на 10 милијарди долари

Анкета: Само 16 проценти од Германците „дефинитивно“ би се бореле за својата земја