Утрински Весник
Свет

Пекинг затвори 10 отсто од градските станици на метрото поради короната

Пекинг затвори околу 10 отсто од станиците во своето големо метро како дополнителна мерка против ширењето на корона вирусот, јавува Асошиејтед прес.

Управата на метрото во кратка порака само соопшти дека мерката за затворање на 40 станици, главно во центарот на градот, се презема во рамки на мерките за контрола на епидемијата.

Пекинг е во состојба на зголемена готовност поради ширењето на инфекцијата – со ресторани и барови ограничени на храна што може да се носи, затворени спортски сали и суспендирани часови на неодредено време.

Главните туристички места во градот, вклучувајќи ги Забранетиот град и Зоолошката градина во Пекинг, ги затворија своите изложбени салони и се само делумно оперативни.

Неколку заедници каде што се откриени случаи на коронавирус се изолирани, а на луѓето што живеат во „контролирани“ области им е кажано да останат во границите на градот, вклучително и 12 области кои се сметаат за високоризични и други 35 за среден ризик.

Од жителите на градот се бара да се тестираат три пати неделно, бидејќи властите се обидуваат да откријат и изолираат случаи без да наметнат тип на сеопфатен карантин што се гледа во Шангај и на други места.

Негативен резултат од тестот добиен во претходните 48 часа е неопходен за влез во повеќето јавни простори.

Пекинг во средата забележа само 51 нов случај, од кои пет беа асимптоматски.

Сите бизниси се затворени, освен супермаркетите и продавниците за овошје и зеленчук, пренесува Н1.

Можете да прочитате

„Алтернатива за Германија испиша историја со својата изборна победа во Саксонија-Анхалт, изјави нејзиниот регионален лидер

Студија: Од 2023 до 2025 година Израел го напуштиле речиси 1.400 лекари

Истекува флексибилниот режим за биометриските проверки на границите за влез во ЕУ