Утрински Весник
Свет

Пекинг: Експлозивното ново жариште на ковид е поврзано со кафулињата

Најновото жариште на Ковид-19, кое избувна во Пекинг, е поврзано со кафулињата во главниот град на Кина и е експлозивно по природа, има силен потенцијал и е сложено, изјави денеска портпаролката на градската влада.

Кинеската престолнина регистрира 46 нови случаи на ковид денеска до 15 часот по локално време, изјави здравствениот претставник Лиу Ксијаофенг, пренесе Ројтерс.

Од вкупно 1.946 локални случаи на ковид регистрирани од 22 април, 115 се поврзани со инфекција во кафулињата, додаде Лиу.

Можете да прочитате

Цената на природниот гас се покачи за 25 отсто по нападот од Иран на Катар

Хамнеи: Иран нема да преговара!

ЕУ повикува на воздржаност на Блискиот Исток