Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Пашинијан: Ерменија е подготвена на отстапки

Премиерот на Ерменија: За конфликтот во Нагорно-Карабах нема воено решение
300x250 opst2

Ерменскиот премиер Никол Пашинијан вели дека Ерменија е подготвена на отстапки во конфликтот во Нагорно Карабах, доколку таква подготвеност постои и на страната на Азербејџан.

„ Конфликтите треба да се решаваат врз основа на меѓусебни отстапки. Нагорно-Карабах е подготвен, Ерменија е подготвена на реципрочни отстапки на кои е подготвен Азербејџан”, рече Пашинијан во интервју за француската агенција АФП.

Вооружениот конфликт меѓу ерменските и азербејџанските сили околу спорниот регион Нагорно Карабах влезе во десетти ден. Се убиваат и цивили, и обете страни објавуваат секој ден дека напредуваат во борбата против непријателот.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Еден загинат девет повредени во руски напад врз Запорожје

Бабиш прогласи победа на неговото движење АНО на изборите во Чешка, премиерот Фиала му честиташе

Трамп предупреди дека нема да толерира одложување на одговорот на Хамас