Утрински Весник
Македонија

Пашината џамија во Тетово ги отвори вратите за верниците

Пашината џамија во Тетово ги отвори вратите за верниците

Тетово, 12 мај 2020 (МИА) – Во најпознатиот муслимански верски објект во Тетово, Пашината џамија (Шарена џамија) верниците кои дојдоа на вратите од објектот наидоа на истакнати писмени упатствија за однесување поради паднемијата, а имаше средства за дезинфекција за раце и заштитни маски за на лице.

– Обврските кои се наложени за верниците се да дојдат од дома со свое сеџаде (мал теписон за клекнување при молитва – н.з.), како и дома да земат абдест (миење на раце, лице и нозе – н.з.), да се носи сопствен куран и заштитна маска за лице, истакна Менсур Мифтари, претседател на Одбор на Шарена џамија.

Во просторот за молитва во внатрешноста на џамијата задолженијата се да се држи дистанца, како и да се воздржуваат од поздравување со раце по завршување на намазот (молитвата). ас/оџ/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Мицкоски оди за Тирана, ќе учествува на Самитот на лидери

Почина македонската фолк пејачка Бади Бекир

Средба на делегација предводена од министерот за култура и туризам Љутков со еврокомесарот за  меѓугенерациска правичност, млади, култура и спорт, Микалеф