Утрински Весник
Македонија

Пациентот од Охрид во добра општа состојба, исконтактирани луѓето меѓу кои се движел

Пациентот од Охрид во добра општа состојба, исконтактирани луѓето меѓу кои се движел

Скопје, 21 март 2020 (МИА) – Пациентот од Охрид заразен со коронавирус е во добра општа состојба, а сите лица меѓу кои се движел се контактирани, информира денеска заменик-министерот за здравство, Аслани.

Според Аслани, во однос на овој случај се преземени соодветни мерки. Службите работат и на почитувањето на самоизолацијата.

-Се постапува согласно информациите кои пристигнуваат до епидемиолошките служби. До овој момент ги имаме сите информации на располагање и преземени се сите мерки од аспект на тоа како да се постапува во конректниот случај во согласнот со епидемиолошкиоте проценки. Во контакт сме и со локалниот центар за јавно здравје, како и со Институтот за јавно здравје, напомена заменик-министерот на заедничката прес-конференција со министерот Филипче во Владата, одговорајќи на новинарски прашања. мч/сст/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Митрески: ВМРО-ДПМНЕ одби да обезбеди средства за подобрувања на инфраструктура во дебарско

Костадинов: Општина Струмица е подадена рака на Центарот за поддршка на згрижувачки семејства

Сообраќајка на патниот правец Гостивар – Стража, сообраќајот е во прекин