Утрински Весник
Македонија

Пациентот од Кичево суспектен на мајмунски сипаници има негативен брис

Министерството за здравство вечерва информираше дека од Институтот за јавно здравје се информирани дека е завршено испитувањето на брисот земен од пациентот од Кичево суспектен на мајмунски сипаници. Резултатот е негативен.

dobivaj vesti na viber

Од МЗ потсетуваат дека Институтот располага со доволно количество тестови за детекција на мајмунски сипаници, а тестирањето се врши по индикација утврдена од специјалист инфектолог.

„Во соработка со Комисијата за заразни болести и Светската здравствена организација внимателно се следи состојбата со мајмунски сипаници во светски рамки“ велат оттаму.

 

Можете да прочитате

Андоновски: Со електронската архива чувањето на предмети во фиока заминува во историја

Средба Сиљановска-Давкова – Пленковиќ:  Одличните билатерални односи се засновани на меѓусебна почит и доверба

Левица во посета на кубанската амбасада – Солидарност против империјалистичките притисоци