Утрински Весник
Македонија

Пациенти со ковид ќе се примаат на кардиологија и на пластична хирургија, во „8 Септември“ само итни операции

Пациенти со ковид ќе се примаат на кардиологија и на пластична хирургија, во „8 Септември“ само итни операции

Министерството за здравство соопшти дека во склоп на Клиничкиот блок „Мајка Тереза“ во Скопје и во ГОБ „8 Септември”, се зголемија капацитетите за хоспиталзација на пациенти со ковид. Пуштен е во употреба дел од Клиниката за трауматологија од УК ТОАРИЛУЦ со 25 болнички кревети.

Оттаму додаваат дека на Клиниката за пластична и реконструктивна хрургија и на Клиниката за торакална хирургија обезбедени се 50 болнички кревети. Клиниката за торакална хирургија ќе продолжи со нормална работа за итни случаи, а хируршкте интервенции во моментов се редуцирани и се изведуваат само итни операции и операции на малигни состојби.

„ Делот од патологија на Клиниката за пластична хирургија се префрла во болницата Св. Наум Охридски во Скопје. Дополнителен капацитет за прием на пациенти со ковид се подготвува и на Клиниката за кардиологија, каде за болните со ковид ќе бидат обезбедени 50 кревети. Со оваа реорганизација капацитетот во Клиничкиот центар се зголемува за 100 кревети.

Во ГОБ 8 Септември ќе се отвори одделение со дополнителни 25 болнички кревети за ковид пациенти. Во болницата ќе се немали хируршкиот програм и ќе се вршат само итни операции и операции на малигни болести кои се неодложни“ се наведува во соопштението.

Исто така, се додава дека во ковид одделите во внатрешноста има доволен број на болнички кревети и капацитетите во болниците не се оптеретени.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Скопје никако да се спаси од загадувањето, повторно во топ 10 најзагадени градови во светот!

Д-р Јовановски на подкаст ЗРАК: Има различни методи на реконструкција по мастектомија

Кузмановска: Хема – Онко нуди поддршка за лицата заболени од канцер