Утрински Весник
Свет

Пахор: ЕУ е одговорот на сите прашања што го мачат Западен Балкан

Пахор: ЕУ е одговорот на сите прашања што го мачат Западен Балкан

Претседателот на Словенија, Борут Пахор, денеска на панел дебатата за Западен Балкан на Минхенската безбедносна конференција изјави дека ЕУ е одговорот на сите прашања што го мачат тој регион.

Според соопштението од неговиот кабинет, Пахор рече дека треба да се интензивира процесот на проширување на ЕУ и предупреди на потценување на ситуацијата во регионот.

Тој рече дека има одредени загрижувачки процеси кои треба да се забележат и наскоро да се решат, пренесе СТА.

Тој идентификуваше три главни проблематични прашања во моментов – ситуацијата во Босна и Херцеговина, закочениот дијалог Белград-Приштина и блокирањето на преговорите за пристап на Македонија во ЕУ од страна на Бугарија.

Пахор го поддржа Отворениот Балкан, иницијатива покрената од Србија, Албанија и Северна Македонија во обид да се воспостави слободен проток на луѓе, капитал и стоки како во Шенген зоната, но рече дека тоа не е и не треба да биде алтернатива на ЕУ.

Тој смета дека на иницијативата би можеле да се приклучат и други земји од регионот, на што гледа како начин за понатамошна соработка во регионот.

Тој порача дека не треба да се занемари стратешкото значење на односите меѓу европскиот блок и земјите од регионот.

Клучно е да се решат прашањата кои произлегуваат од минатото кои ја попречуваат поефикасна и амбициозна соработка во иднина, вклучително и процесот на проширување на ЕУ, рече Логар, пренесе словенечкото Министерство за надворешни работи.

Можете да прочитате

Објавени фотографии од убиените војници во Либан

Руски суд ги замрзна средствата на американските банки „ЈП Морган“ и „Мелон“ во Русија

Штрајкот во американските пристаништа го блокира увозот на кафе