Утрински Весник
Култура

Патувачкото кино на „МакеДокс“ во Штип, следуваат Кочани и Оризари

Патувачкото кино на „МакеДокс“ во Штип, следуваат Кочани и Оризари

Патувачкото кино на „МакеДокс“ годинава го смени својот формат и се одржува во текот на четири викенди во месеците јуни, јули и септември. Во првата половина од годинашните патешествија се одржаа проекции во Кратово, село Шлегово и две во градот под Исарот – Штип.

„Морам да кажам дека чувството на екипата на Патувачкото кино по првите два викенди е одлично. Се чувствуваме како да сме се вратиле во нормала. Проекциите беа полни, публиката задоволна, а ние уште повеќе. Со нас на проекцијата во Штип имавме присутна филмска екипа од прикажаниот документарен филм ‘Сите ќе умреме’ во режија на Сашко Потер Мицевски. Покрај него, присутни беа и продуцентот Илија Тирицовски, монтажерката Сандра Ѓоргиева и главниот лик на филмот, Зоран Сичев. Се создаде одлична атмосферa и уште еднаш ни се потврди важноста на дисперзирањето на културата низ целата држава. Се надеваме дека овој викенд во Кочани и последниот во септември во Виница ќе поминат исто толку добро колку и првите два“, истакна Сара Ферро од екипата на Патувачкото кино на „МакеДокс“.

Иако негови филмови веќе биле прикажувани како дел од филмската програма на фестивалот и на Патувачкото кино, авторот, документарист и режисер, Сашко Потер Мицевски, првпат присуствуваше на вечерна филмска сесија под отворено небо со „МакеДокс“ во родниот Штип.

Следни дестинации на 12. Патувачко кино на „МакеДокс“ се Кочани (9 јули) и село Оризари (10 јули).

Проекциите ќе почнуваат во 21 часот и ќе се одржуваат на отворен простор, а влезот е бесплатен.

Патувачкото кино е поддржано од Агенцијата за филм, Општина Кратово, Општина Кочани, Општина Штип, Општина Виница и Центарот за развој на Источен плански регион.

Текстот Патувачкото кино на „МакеДокс“ во Штип, следуваат Кочани и Оризари е превземен од МАКФАКС.

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“