Утрински Весник
Македонија

Патријарх Неофит: Православните браќа во Македонија може да сметаат на поддршката на БПЦ

Патријарх Неофит: Православните браќа во Македонија може да сметаат на поддршката на БПЦ

Софија, 19 февруари 2020 (МИА) – Бугарскиот патријарх Неофит денеска упати порака до, како што рече православните браќа во Македонија, нагласувајќи дека тие може да сметаат на поддршката на Бугарската православна црква.

Неофит, како што јави БГНЕС, испрати специјална порака до, како што рече, братска Македонија, на денот кога Бугарија се поклонува на сеќавањето на бугарскиот револуционер Васил Левски.

Како што наведува агенцијата, специјалната комисија, формирана пред две години за да и и помогне на МПЦ-Охридска архиепископија за добивање автокефалност, продолжува со својата работа во БПЦ. Комисијата ја предводи митрополитот на Стара Загора.

Патријархот Неофит за агенцијата БГНЕС ја коментираше и иницијативата на патријархот Ерусалимски за средба со лидерите на православните цркви следната недела во главниот град на Јордан.

– Се разгледуваат уште некои мислења и потоа ќе се донесе одлука, рече тој, одговарајќи на прашање на БГНЕС дали ќе присуствува на состанокот на православните цркви свикан од патријархот Теофил Трети од Ерусалим во Аман на 26 и 27 февруари.

На прашањето дали, сепак, е предвидено учество на претставник на БПЦ на таа средба патријархот Неофит рече: „Тоа е под знак прашање“.

Агенцијата потсетува дека за средбата во Аман учеството го потврдиле само патријарсите на Русија и Србија, додека сите останати категорично одбиле да присуствуваат. Последниот што одговори негативно на поканата беше грузискиот патријарх Илија Втори, на почетокот на оваа недела.

Според вселенскиот патријарх Вартоломеј, „иницијативата на Ерусалимскиот патријарх е задоцнета и се заканува на единството на Православната црква“. паг/дма/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Филипче: СДСМ не е лична сопственост ниту на Бранко, ниту на Заев, а најмалку моја

Филипче: Ароганцијата ќе ја закопаме длабоко под земја

Ахмети од Швајцарија: Без Албанците, Северна Македонија нема иднина