Утрински Весник
Магазин

Патрик Адамс се плаши да ѝ се јави на Меган, војвотката од Сасекс

Патрик Адамс се плаши да ѝ се јави на Меган, војвотката од Сасекс

Патрик Џ. Адамс се плаши да ја контактира неговата поранешна колешка од ТВ-серијата Suits, Меган Maркл, војвотката од Сасекс.

39-годишниот актер глумеше заедно со Меган во драмската серија од 2011 година до заминувањето на Меган во 2018 година, откако стапи во брак со британскиот принц Хари.

И иако тие глумеа заедно на екранот цели седум години и изградија силно пријателство, Патрик призна дека е заплашен од новиот кралски статус на Меган за да ѝ се јави.

“Искрено, мислам дека чувствувам страв. Би можел да земам телефон и да ѝ се јавам во секој момент, но не знам што би ѝ рекол”, рече актерот во разговор со „Радио тајмс“.

Патрик, кој има двегодишната ќерка со неговата сопруга Тројан Белисарио, и Меган биле во контакт неколку пати по завршувањето на снимањето, и разменувале пораки и подароци кога се родиле нивните деца.

Но, тоа не го спречи Патрик да чувствува страв при помислата да стапи во контакт со Меган, која со Хари има 16-месечен син, Арчи.

Патрик неодамна изјави дека бил многу среќен кога слушнал дека Меган и Хари се чувствуваат добро откако се преселија во САД со нивниот син.

“Ми недостасува мојата пријателка, но многу сум среќен што ѝ е добро. Јас немам редовен контакт со неа,“ рече тој, додавајќи дека му е мило што Меган гласно говори за претстојните претседателски избори во САД.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Овие хороскопски знаци страдаат во тишина, но никој не забележува

ChatGPT, Gemini, DeepSeek… која вештачка интелигенција халуцинира најмногу?

Јапонија го поевтинува вадењето пасоши за младите да патуваат повеќе во странство