Утрински Весник
Македонија

Патникот од Дубаи нема коронавирус

Патникот од Дубаи нема коронавирус
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Скопје, 25 февруари 2020 (МИА) – Патникот што допатувал од Дубаи и кој имаше симптоми слични на грип, а беше хоспитализиран на Инфективната клиника нема коронавирус. Тестирањето на пациентот покажало дека тој бил позитивен на Инфлуенца тип Б.

Тој допатувал пред неколку дена во земјава по шестдневен престој во Дубаи. Имал симптоми слични на грип. Направени беа тестовите и кон ова лице се постапувало со целото внимание како за сомнителен случај заболен од коронавирус.

Од Министерството за здравство апелираа сите кои доаѓаат од критичните региони да се придржуваат до препораките во упатството и доколку почувствуваат некои од симптомите да не се шетаат низ здравствените установи, туку да се јават на телефоните за Институтот за јавно здравје. Од Министерството потенцираа дека здравствениот систем е подготвен и оти располага со доволен број на кревети, маски, мантили и скафандери.

На Инфективна клиника синоќа беше хоспитализиран и патник кој вчера пристигнал од Милано во Скопје со попладневниот лет на „Визер“. Лицето е тестирано и нема коронавирус, потврдија од Министерството за здравство. Пациентот имал лесна клиничка слика, нема покачена телесна температура и неговата состојба е стабилна.

Од МЗ велат дека будно ја следат состојбата и во континуитет се постапува по препораките на Светската здравствена организација, а од денеска се применуваат и нови зајакнати мерки за превенција од корона вирус. рп/сст/

 

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Вработен нападнат со стаклен предмет на наплатна рампа „Петровец“, сторителот ја скршил рампата и избегал

Кривична пријава за управник на одморалиште на МВР во Охрид, овозможил на готвачка да зема плата и боледување додека била во странство

Алиу – Тошковски: Граѓаните да не користат пиротехнички средства, тие не се играчка, последиците се сериозни