Утрински Весник
Свет

Партијата на Макрон доби ново име

Партијата на францускиот претседател Емануел Макрон, „Република во движење“ го смени името во „Преродба“ (Renaissance).

„Oва е народна партија чија задача е да биде отворена за граѓаните и пратениците од каде и да доаѓаат“, рече нејзиниот генерален секретар, Станислас Гуерини.

„Пристапивме кон радикална реформа на ‘Република во движење’ за да можеме да продолжиме да го шириме ова политичко движење, кое беше основано пред нешто повеќе од шест години од претседателот Емануел Макрон и кое отсега ќе се нарекува ‘Преродба’“, рече Гуерини.

Емануел Макрон победи на претседателските избори на 24 април со 58,55 отсто од гласовите, но неговата битка со екстремно десничарската кандидатка Марин Ле Пен (41,45 отсто) ја покажа длабоката поделеност во земјата.

Можете да прочитате

Зеленски: САД дава сигнали за продолжување на мировните преговори со Русија

Белорусија ослободи 250 политички затвореници

Русија најавува помош за Куба во услови на блокада