Утрински Весник
Свет

Парламентарни избори во Франција: Левицата и сојузот на Макрон речиси изедначени

Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Според проекциите, врз основа на делумните изборни резултати, се очекува центристичкиот сојуз на францускиот претседател Емануел Макрон да го задржи парламентарното мнозинство откако денеска се одржа првиот круг од парламентарните избори во Франција.

Според проекциите, партијата на Макрон и сојузниците освоиле меѓу 25 и 26 отсто од гласовите, што значи дека се речиси еднакви по бројот на гласови со новата левичарска коалиција составена од поддржувачи на тврдокорните левичари, социјалистите и Партијата на зелените.

Сепак, се предвидува дека кандидатите на Макрон ќе победат во поголем број изборни единици во споредба со левичарските ривали, што ќе му даде мнозинство на сојузот на Макрон, пренесува агенцијата АП.

Белгискиот весник „Либр“ објави, повикувајќи се на првите две излезни анкети спроведени од неколку институти за испитување на јавното мислење во Франција, дека Центристичкиот сојуз Заедно на францускиот претседател, Емануел Макрон и левичарскaта Нова народна еколошка и социјална унија на Жан-Лук Меланшон освоиле приближно ист број гласови, односно околу 25 проценти.

Следат екстремно десничарскиот сојуз Национален собир на Марин Ле Пен со 18,9 отсто, Републиканците и нивните сојузници со 13,7.

Можете да прочитате

Рјабков: Русија и САД разговараа за прашања што предизвикуваат тензии во билатералните односи

Ким и неговата ќерка отвораа хотели

Амазон блокира илјадници пријави за работа сомневајќи се дека апликантите се севернокорејски агенти