Утрински Весник
Македонија

Парични казни за три лица во Струга заради прекршување на полицискиот час

Тројца жители на беровско Будинарци не го почитувале полицискиот час
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Скопје, 6 мај 2020 (МИА) – Tри лица во Струга сториле кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија, соопштија од ОЈО Струга.

– Тие не ги почитувале мерките и одлуките за забрана на движење на населението, па за време на полицискиот час на 18 и 19 април 2020 година, без дозвола, пеш или со возила  се движеле низ градот, истакнуваат од обвинителство.

Основното јавно обвинителство Струга со предлозите за издавање казнени налози побара од Судот на обвинетите да им изрече парични казни во износ од по 100 дневни глоби, со предлог да ја определи висината на дневните глоби за секој од нив од по 30 евра во денарска противвредност. оџ/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Наутро студено, преку ден сончево со мала облачност

Постуден јануари со можни снежни бранови низ регионот

Пијан таксист вечерва прегазил млада девојка во Кисела Вода