Утрински Весник
Македонија

Парични казни за семејство во Берово за непочитување на полицискиот час

Парични казни за семејство во Берово за непочитување на полицискиот час

Скопје, 8 април 2020 (МИА) – Четворицата членови на семејство од Берово, се обвините дека, за време на епидемијата на опасната заразна болест COVID-19, не постапиле според прописите и наредбите со кои се определуваат мерки за нејзиното сузбивање или спречување, информираат од Јавното обвинителство.

-Тие се движеле со патничко моторно возило додека во сила бил полицискиот час, односно не ја почитувале одлуката за забрана и посебен режим на движње на територијата на Република Северна Македонија во деновите сабота и недела во временскиот период од 16:00 часот до 05:00 часот наредниот ден, соопштија од обвинителство.

Со своите дејствија, секој од обвинетите сторил по едно кривично дело Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија , за што јавен обвинител поднесе Предлог за издавање казнен налог и му предложи на надлежниот суд да им изрече парични казни во висина од 200 до 600 евра во денарска противвредност.​ оџ/лв/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Никој не го отворил прашањето дека може без Албанците, вели Меџити за изјавата на Ахмети од Швајцарија

Нема да се гради асфалтна база во Визбегово, вели Меџити

Каранфилова – Пановска: Се надевам дека мојот ангажман ќе биде од голема помош