Утрински Весник
Македонија

„Вечера за глупаци“ нова онлине претстава на кумановскиот театар

„Вечера за глупаци“ нова онлине претстава на кумановскиот театар

 

Куманово, 8 април 2020 (МИА) – Кумановскиот театар продолжува со онлајн репертоарот и денеска ќе ја прикаже претставата „Вечера за глупаци“ , работена по текст на Текст на Френсис Вебер (Le Dîner de Cons), во режија на Горан Илиќ.

-Почитувана публико, благодарност за поддршката за нашиот онлајн театар. Денеска на нашиот онлајн репертоар е претставата „Вечера за глупаци“. Се надеваме дека ќе уживате. Претставата ќе биде на следниов линк: Вечера за глупаци – Театар Куманово, објавија од театарот.

Во претставата која премиерно беше изведена во 2002 година, играат Кети Дончевска  Илиќ, Горан Илиќ, Младен Крстевски, Илија Струмениковски, Горан Зарковски, сценографијата е на Гоце Божурски, костимографијата на Кети Дончевска Илиќ, композитор е Зоран Краљевски. ам/ир

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Уапсени 14 возачи за безобѕирно управување возило, деветмина возеле без возачка дозвола

Жена настрадала по експлозија на бојлер во викендичка

Автомобил удрил во електричен тротинет, повредени 15 годишно момче