Утрински Весник
Македонија

Парите за новогодишно украсување да се пренаменат за енергетски проекти, бара градоначалникот на Куманово

Парите за новогодишно украсување да се пренаменат за енергетски проекти, бара градоначалникот на Куманово

Градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски, денескa информираше дека на првата седница на Советот ќе даде предлог финансиските средства наменети за украсување на Куманово да се пренаменат во реализација на енергетско ефикасен проект.

„Оваа година поради енергетската криза, на првата седница на Советот веднаш по конститутивната седница ќе дадам предлог до Советот да донесе одлука финансиските средства кои се наменети за украсување на градот Куманово во износ од околу 2 и пол милиони денари да се пренаменат во реализација на енергетско ефикасен проект за имплементација на проект фотоволтаични панели и изолација на објект од јавен карактер, на територија на општина Куманово. Со ова, ќе се намали потрошувачка на електрична енергија и дополнително ќе се даде придонес во контекст на енергетската криза којашто се најавува“, рече Димитриевски.

Можете да прочитате

Николоски: Сите државни патишта се проодни низ цела Македонија 

Поранешниот директор на геријатрија осуден на четири години затвор

ЦУК: Регионалниот пат од Пклиште кон село Герман е непрооден поради висината на снегот