Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Парите за карго аеродром во Штип ќе ги добијат општините за инфраструктурни проекти

Парите за карго аеродром во Штип ќе ги добијат општините за инфраструктурни проекти
Img 7972

Владата донесe одлука со која е одобрена предлог листа на проекти од општини за финансирање од дополнителни средства кои се обезбедија со пренамената на финансиските средства од ТАВ што беа предвидени за изградба на карго аеродром во Штип.

Со оваа одлука се обезбедени 35 милиони евра за 99 проекти за 75 општини кои се одобрени за изградба и реконструкција на локална патна инфраструктура, за водоснабдителна мрежа, за канализациони мрежи, за реконструкција изградба на градинки и училишта и спортски објекти, за реконструкција и изградба на здравствени установи, и за други проекти што ги предложија општините и што се прифатени со оваа одлука на Владата на Северна Македонија.

На денешната седница е донесена и Одлука за одобрување на средства од Буџетот на Република Северна Македонија за 2020 година во висина од 30.000.000 денари на Општина Арачиново, како еднократна неповратна финансиска поддршка, за справување со потешкотиите во тековното работење настанати поради КОВИД – 19 кризата.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Паднаа двајца дилери, во автомобилот имале кокаин, вага и пари

25-годишна охриѓанка претепана на работното место од маж кој подолго време ја вознемирувал

Мицковски: Ако Филипче го чувал идентитетот, тогаш зошто денеска се потребни црвени линии?