Утрински Весник
Магазин

Парис Хилтон проговори за нејзините планови да основа семејство

Парис Хилтон проговори за нејзините планови да основа семејство

Парис Хилтон е подготвена за венчавка и сака да стане мајка.

Таа откри дека е подложена на ИВФ-процедура со „сродната душа“ Картер Реум за да се осигура дека може да има „момче и девојче близнаци“, откако е во врска со него веќе една година.

39-годишната Парис во вторникот во поткаст на „Тренд репортер“ изјави дека нејзината најдобра пријателка Ким Кардашијан ја запознала со таа идеја.

„Ким ми кажа за тоа. Јас не знаев ништо за ваквата постапка. Среќна сум што ми го кажа тој совет и ме запозна со нејзиниот лекар“, рече Парис.

„Правевме вонтелесно оплодување, ин витро, па можам да изберам близнаци ако сакам“, додаде таа.

Наследничката на синџир луксузни хотели призна дека процесот на извлекување на јајце клетки бил прилично исцрпувачки и дека морала да ја повтори методата неколку пати. „Јас веќе поминав низ постапката за вадење јајце клетки. Беше тешко, но знаев дека вреди. Го сторив тоа неколку пати.“

„Картер е мојот партнер од соништата … Тој е 100 проценти оној вистионскиот. Зборуваме постојано како ќе изгледа свадбата и за имињата на нашите бебиња.“

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста