Утрински Весник
Магазин

Парис Хилтон повеќе не сака да глуми лик со совршен живот

Парис Хилтон повеќе не сака да глуми лик со совршен живот
Dik 300x250 mk

Парис Хилтон повеќе нема да изиграва среќна како што го правеше тоа пред самоизолацијата среде пандемија на коронавирус.

39-годишната телевизиска sвезда признава дека глумела стереотипи порано во кариерата, но таа смета дека изолацијата се покажала како пресврт во нејзиниот живот.

„Пред карантинот постојано патував во различни земји, се дружев со странци, и цело време го играв тој лик, па заборавив која сум и речиси се изгубив во него,“ вели Парис во инервју за „Сандеј тајмс“.

„Но, тоа не сум јас и не сакам да ме запомнат како таква. Јас имам љубезно срце, јас сум одговорна“.

Парис сега планира да прекине да оди на живи свирки и диџеи забави на Ибица и има намера во целост да го промени стилот на живеење. Таа за весникот изјави: „Ми здосади да го трошам животот во постојани патувања и журки. Јас всушност немам личен живот“.

Парис пред неколку години реши да замрзне свои јајце-клетки по разговор со Ким Кардашијан Вест. Русокосата убавица, која моментално е во врска со бизнисменот Картер Реум, смета дека секоја жена треба да размисли за замрзнување на свои јајце- клетки.

„Мислам дека секоја жена треба да го стори тоа затоа што навистина можете да го контролирате процесот, и ќе го нема она: О Боже мој, треба да се омажам“.

Таа е убедена дека во Картер конечно ја пронашла љубовта на својот живот. Парис, која претходно беше верена три пати, вели дека во минатото сакала да изиграва среќна, со совршен живот, со совршен партнер, но никогаш не се чувствувала така.

„Само глумев,“ додава таа во интервјуто.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Денеска се празнува Митровден – 24info.mk

Саем за храна во Скопје – уникатна можност да се вкусат домашни производи и специјатлитети

Растенија кои успеваат дури и ако заборавите на нив