Таа изминатиот викенд славеше годишнина од првата средба со својот партнер, претприемачот Картер Реум.
Парис Хилтон го направи датумот дополнително посебен со свечена вечера за двајца во ресторанот „Нобу“ во Малибу, во саботата навечер.
39-годишната наследничка на синџирот луксузни хотели „Хилтон“, е фотографирана пред да влезе во жариштето на славните. Таа изгледа преубаво во бел мини фустан од бела тантела.
Пред да се упатат во „Набу“, таа сподели искрена објава за своите 12.5 милиони следачи на Инстаграм.
“Кога првпат се запознавме, немав претстава за неверојатното патување кое го започнав. Мојот живот беше секогаш празен, како да ми недостасуваше нешто. Но, кога те запознав, знаев дека ти си тоа,“ напиша Парис на својот Инстаграм споделувајќи црно-бела фотографија од нив двајцата. „Те сакам многу, убав! Среќна годишнина!“