Утрински Весник
Свет

Париз: Турција е воено вклучена во војната во Нагорно-Карабах

(Видео) Ерменските сили соборија авион и беспилотно летало на Азербејџан

Француските власти објавија дека Турција, на страната на Азербејџан, е воено вклучена во војната во Нагорно-Карабах.

„Новост е дека има воено распоредување на Турција и тоа може да поттикне интернационализација на конфликтот“, рече шефот на француската дипломатија, Жан-Ив Ле Дријан.

Азербејџанските и ерменските сили војуваат во Нагорно-Карабах од крајот на септември.

Ле Дријан изрази жалење за големиот број цивилни жртви и повторно повика на итен прекин на огнот и почеток на преговори под покровителство на групата за медијација, составена од Франција, Русија и САД.

Министерот за надворешни работи на ЕУ, Жозеп Борел, исто така изјави дека Европската Унија стравува од интернационализација на конфликтот во регионот Нагорно-Карабах со вклучување на Турција и Русија во таа војна.

„Не може да се исклучи влегувањето на регионалните актери во конфликтот. Треба да се спречи мешање странски сили“, рече Борел во обраќањето пред Европскиот парламент во Брисел, споменувајќи ги Русија и Турција.

Тој истакна дека позицијата на ЕУ е јасна, а тоа е дека борбите мора да престанат.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

На Германија ќе и требаат дополнителни 288.000 странски работници секоја година до 2040

Австралија го забранува пристапот до социјалните мрежи за помлади од 16 години

Путин до Меркел: Ангела, извини, не знаев дека се плашиш од кучиња