Утрински Весник
Свет

Папата Франциск: Некои црковни водачи се надеваа дека нема да преживеам

Папата Франциск: Некои црковни водачи се надеваа дека нема да преживеам
Dik 300x250 mk

Папата Франциск рече дека некои луѓе во Католичката црква се надевaле дека тој нема да ја преживее неодамнешната операција на дебелото црево и ги осуди таквите како што ги нарече бучни конзервативни критичари за „ѓаволска работа“ кога ја поткопуваат Римокатоличката црква, објави Ројтерс.

“Знам дека имаше дури и состаноци меѓу некои црковни водачи кои рекоа дека папата е во многу посериозна состојба од она што беше кажано. Тие се подготвуваа да изберат нов папа. Нека им биде. Фала му на Бога, јас сум добро”, рече папата за време на неодамнешната посета на Словачка.

Папата беше на операција на 4 јули и помина 11 дена во болница.

Тој ја критикуваше „главната католичка телевизија“, која не ја именуваше, но оцени дека е цел на постојани вербални напади.

“Можеби ги заслужувам овие напади и навреди затоа што сум грешник, но црквата не го заслужува ова. Тие се дело на ѓаволот”, додаде тој.

Можете да прочитате

Венс во Израел: Ако Хамас не се разоружа, ќе го уништиме

Француската морнарица запленила 2,4 тони кокаин

Канадскиот премиер: Ќе го уапсам Нетанјаху ако дојде во Канада