Утрински Весник
Свет

Папата Франциско ја помести полноќната миса поради полицискиот час

Папата Франциско ја помести полноќната миса поради полицискиот час

Поради полицискиот час, папата Франциско ќе одржи полноќна миса на Божик во 19,30 часот, додека за Божик ќе одржи богослужба во затворен простор, со цел да спречи собирање на луѓето на плоштадот Свети Петар.

Полноќната миса, која се одржува секоја година на 24 декември во 21,30 часот, ќе биде преместена во 19,30 часот годинава, поради полицискиот час што беше воведен во Италија поради пандемијата.

Новогодишните молитви и миса ќе се одржат во базиликата Свети Петар и ниедна од нив нема да биде отворена за јавноста, пренесува АП.

Поради зголемувањето на бројот на новозаразени, властите во Италија воведоа полициски час што важи од 22 часот.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Руте: Сојузниците издвоија лани повеќе од 10 милијарди долари помош за Украина

Трамп поделил големи бонуси за свои помошници, три соработнички добиле по 45.000 долари

Данска од 1 јануари 2027 година ќе вработува граѓани од 16 земји што не се членки на ЕУ