Утрински Весник
Свет

Папата Франциско се извини за злоупотребата на домородците во канадските училишта

Папата Франциско се извини за злоупотребата на домородците во канадските училишта

Поглаварот на Римокатоличката црква се извини и побара прошка за злоставувањето на кое биле изложени домородните деца во канадските училишта, велејќи дека е засрамен и огорчен поради сето она што го доживеале од католичките просветители.

Папата Франциско се извини и вети дека ќе ја посети Канада за време на состанокот со десетици членови на домородните заедници кои дојдоа во Рим барајќи негово извинување.

„За однесувањето на тие членови на Римокатоличката црква, го молам Бога за прошка. Сакам од се срце да ви кажам дека сум многу погоден и дека им се придружувам на канадските бискупи во извинувањето“, рече папата Франциско.

Повеќе од 150.000 домородни деца во Канада биле принудени да посетуваат христијански училишта финансирани од државата од 19 век до 1970-тите. Целта била тие деца да се изолираат од влијанието на нивните семејства и култура, односно нивна асимилација.

Можете да прочитате

Израел ги нападна Хутите во Јемен

Трамп најави дополнителни царини за секој што ќе соработува со „антиамериканскиот сојуз БРИКС“

Бројот на жртви од поплавите во Тексас достигна 70