Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Папата со жалење го прими извештајот за злоупотреба на деца

Папата со жалење го прими извештајот за злоупотреба на деца
Img 7972

Папата Франциск со тага ја прими информацијата за содржината на истрагата за сексуална злоупотреба во Католичката црква во Франција, се наведува во денешното соопштение на Ватикан.

„ Пред се, неговите мисли се со жртвите поради нивните рани“, се вели во соопштението и се додава дека папата, исто така, се чувствува благодарен за храброста што ја покажале во изразувањето на она што го поминале, пренесува „Ројтерс“.

„(Неговите мисли се исто така со) Црквата на Франција, така што, во свесноста за оваа страшна реалност, … може да започне патот на искупување“, се додава во соопштението.

Француското свештенство сексуално злоупотребило повеќе од 200.000 деца во последните 70 години, покажа големата истрага објавена денеска.

Неговите автори ја обвинија Католичката црква дека премногу долго ги затвора очите пред такви недела.

Можете да прочитате

Јужноафриканскиот амбасадор во Франција пронајден мртов пред хотел во Париз

(Видео) Ураган ја поплави Ибица: Водата однесе автомобили, луѓето заробени во куќите

Трамп: Хамас има три или четири дена да одговори на понудата за мир во Газа