Утрински Весник
Свет

Папата: Знам низ што минуваат заболените од корона, како млад преживеав тешка инфекција

Папата: Знам низ што минуваат заболените од корона, како млад преживеав тешка инфекција

Папата Франциско пишува дека знае низ што минуваат заразените од Ковид-19 бидејќи како млад едвај преживеал тешка респираторна инфекција.

На Франциско во родната Аргентина му бил отстранет поголем дел од белодробното крило, поради болест во 1957 година кога имал само 20 години.

„Со месеци не знаев кој сум, не знаев дали ќе преживеам. Дури и лекарите не знаеја дали ќе успеам“, се сеќава 83-годишниот папа во новата книга.

„Еден ден ја прегрнав мајка ми и ја прашав дали ќе умрам… Од тоа искуство знам низ што поминуваат пациентите со коронавирус кога се борат за здив“.

Ова се цитати од книгата „Ајде да сонуваме: Патот кон подобра иднина“ која Франциско ја напиша со неговиот англиски биограф Остин Ајвери.

Книгата ќе биде објавена на 1 декември, а овие цитати денеска ги објави италијанскиот дневен весник „Ла Република“.

 

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Русија го подготвува ракетниот систем „Сармат“ за оперативна готовност

На Германија годишно и се потребни 288.000 странски работници

Долниот дом на Парламентот во Австралија го усвои предлог-законот за забрана за користење на социјалните мрежи за деца под 16 години