Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Папата до бискупите: Слушајте ги жртвите кои биле сексуално злоупотребени од свештениците

Папата до бискупите: Слушајте ги жртвите кои биле сексуално злоупотребени од свештениците
300x250 opst2

Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск, ги повика европските бискупи да ги слушаат жртвите кои сексуално биле злоупотребувани од свештениците и да ги сметаат за партнери во реформата, предупредувајќи дека во спротивно, иднината на таа верска организација ќе биде загрозена.

Во видео порака до бискупите од Централна и Источна Европа, кои утре ќе се соберат во Полска на четиридневна конференција за заштита на децата, папата изјави дека тие мора да ги третираат жртвите како придружници и протагонисти во заедничката иднина.

„Црквата уште еднаш може да се смета за безбедно место за оние на кои им е потребна, само доколку се соочи со вистината за ова сурово однесување и ако понизно бара прошка од жртвите и преживеаните“, рече папата.

Жртвите одамна велат дека биле третирани како непријатели на црквата кога пријавиле злоупотреба и биле обвинети дека сакаат да направат скандал, иако многумина честопати велеа дека јавно зборуваат за тоа, само за да ги спречат свештениците склони кон такви дела, да им наштетат на другите.

Можете да прочитате

Хамас објави крај на војната во Појасот Газа

Гутереш: ОН подготвени да дејствуваат во Газа

Нобеловиот комитет во понеделникот го одржа последниот состанок пред објавата на добитникот на наградата за мир