Утрински Весник
Свет

Пандемијата ќе ја чини Австрија 54 милијарди евра

Пандемијата ќе ја чини Австрија 54 милијарди евра

Австрискиот фискален совет пресмета како последиците од корона-кризата ќе влијаат на буџетот оваа и следната година.

Според тие процени, само оваа година пандемијата ќе чини 34,6 милијарди евра, а во 2021 година уште 19,2 милијарди евра.

Процената на Фискалниот совет се заснова на претпоставката дека следната година ќе има позитивен развој.

Товарот од 53,8 милијарди евра по буџет за овие две години ги вклучува трошоците за стимулативни мерки, како и последиците од економскиот пад.

Претседателот на Фискалниот сојуз, Мартин Кочер, рече дека е на мислење дека треба да се избегнува „заклучување“ како што беше на пролет.

Во исто време, тој предупреди дека растечкиот број на новозаразени има негативно влијание врз економските активности.

Според Фискалниот совет, последиците од пандемијата ќе се чувствуваат до 2024 година.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

НАТО: Поддршката за Украина продолжува

Израел прифати примирје со Хезболах

Телефонски разговор Трудо-Трамп – 24info.mk