Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Пандемијата ќе му остави долготрајни рани на општеството, вели германскиот претседател

Пандемијата ќе му остави долготрајни рани на општеството, вели германскиот претседател
Img 7972

Пандемијата на коронавирус ќе остави долгорочни рани врз општеството, предупреди германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер на екуменска конференција во Франкфурт.

„Социјалните последици од вирусот нема едноставно да исчезнат со последната вакцинација, последната мерка“, рече Штајнмаер во завршното обраќање на собирот.

Германскиот претседател предвидува дека долго време нема да има целосно враќање на стариот начин на живот.

„Сепак, повторното обединување со семејството и пријателите, ракувањата, гушкањето и одржување на мисите како што е редот – сите со нетрпение го очекуваме тоа“, рече Штајнмаер.

„Жестоко се боревме во однос на вирусот и задолжителното носење маски, ограничувањата и ублажувањата, градинките и училиштата, вакцините и приоритетите за вакцинација“, додаде тој.

Многу врски порпаднаа, пријателства исто така, а семејствата беа поделени, рече германскиот претседател.

Но, екуменската конференција покажа дека католиците и протестантите имаат повеќе заедничко од она што ги дели, рече Штајнмаер, додавајќи дека ова важи и за општеството во целина.

Затоа, тој повика на изградба на мостови меѓу оние што пандемијата ги разделила.

Можете да прочитате

Еден загинат девет повредени во руски напад врз Запорожје

Бабиш прогласи победа на неговото движење АНО на изборите во Чешка, премиерот Фиала му честиташе

Трамп предупреди дека нема да толерира одложување на одговорот на Хамас