Германското здружение на осигурителни компании (ГДВ) денеска објави дека во текот на минатата година, бројот на кражби во Германија паднал на најниско ниво затоа што голем број луѓе работеле од дома.
ГДВ наведува дека бројот на барања за осигурување од кражба се намалил на 85.000 во 2020 година, што е за 10.000 помалку од претходната година, односно на најниско ниво од почетокот на евиденцијата за овие полиси во 1998 година, пренесува „Ројтерс“.
„Падот на кражбите главно се должи на фактот дека луѓето поминуваат многу време дома поради пандемијата од Ковид-19, па разбојниците немаат можност да вршат вакви прекршоци“, смета директорот на ГДВ, Јорг Асмусен.
Како што се наведува, резултатот од тоа е и помала наплатена штета од 230 милиони евра, 70 милиони евра помалку од претходната година.