Утрински Весник
Спорт

Пандев: Не може ништо да се спореди со овој свет дрес

Пандев: Не може ништо да се спореди со овој свет дрес

Горан Пандев заминува од македонската репрезентација, како рекордер со 122 настапи и 38 гола, со остварено ветување за пласман на големо натпреварување, и вели дека одлуката е конечна и дека му се остварил сонот.

„Возбуден, благодарен на цела македонска јавност. 20 години носење на овој свет дрес за мене беше чест и гордост. Среќен сум што вака ја завршив репрезентативна кариера со големо натпреварување. Одигравме добро Европско првенство, немавме доволно искуство, малку ни недостасуваше да направиме резултат, но вечно ќе се сеќавам на овие настапи“, вели Пандев.

На прашање дали е можно да се предомисли и да помогне во квалификациите за Мундијалот во 2022 тој е одлучен.

„Не знам дали има простор за да продолжам, одлуката е конечна, така се чувствувам и ја кажувам вистината. Не можам да играм а да не го дадам максимумот. На два фронта на 38 години е тешко да се игра. Ќе навивам за овие момци, има лидери меѓу нив и сигурен сум дека ќе изборат пласман на Светско првенство. Ќе навиваме заедно со сите во Македонија. Срцето ми е полно. Повеќе од ова, големо натпреварување во светиот дрес е најголемото. Клупскиот фудбал е нешто друго, а кога играш пред Македонци, кои сите застанаа да не гледаат, е нешто што не се опишува. Јас го дадов максимумот и време е за крај“, додава Пандев.

> Пандев: Не може ништо да се спореди со овој свет дрес <

Можете да прочитате

Хагерти за Надал: Организиравме сè онака како што сакаше Рафа

Поранешен фудбалер со нож нападнат во Њујорк

Намибиски новинар му одговори на Перез: Тој е фрустрирана личност