Утрински Весник
Спорт

Палас го продолжи договорот на Хоџсон за уште една година

Кристал Палас предлага нов договор за најстариот менаџер во Премиер лигата
Dik 300x250 mk

Лондон, 6 март 2020 (МИА) – Кристал Палас го продолжи договорот на Рој Хоџсон за дополнителни 12 месеци, се вели во соопштението на лондонскиот клуб.

Договорот на 72-годишниот стратег со „орлите“ се обновува до летото 2021 година.

Хоџсон го предводи Кристал Палас од септември 2017 година, а тренерот го предводеше лондонскиот тим до 12-то место во Премиер лигата, додека лани заврши 11-ти.

Во моментов, по одиграни 28 кола, Кристал Палас е на 12-то место во пласманот со 36 поени.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Токтасинов почина на 36 години – спортскиот свет во неверување

Ѓоковиќ донесе одлука за настапот на завршниот Мастерс

Почина екс тренерот на Шкупи, колабирал на терен