Утрински Весник
Македонија

Пакети со хуманитарна помош наменети за луѓе жртви на семејно насилство и самохрани родители

Пакети со хуманитарна помош наменети за луѓе жртви на семејно насилство и самохрани родители

Тетово, 15 мај 2020 (МИА) – Волонтерите на општинската организација на Црвениот крст Тетово денеска поделија пакети со хуманитарна помош наменети за луѓе жртви на семејно насилство и самохрани родители. Од организацијата најавуваат почнување и на редовните крводарителски акции во институции и установи.

-Акцијата е со донација на канцеларијата на UN Women организација при Обединетите нации за родовата еднаквост и зајакнувањето на жените и општинскиот центар за социјална работа при Министерството за труд и социјална работа. Поделени се 46 пакети со храна и хигиенски производи, изјави секретарот во општинската организација, Шкљќим Мурати.

Првпат по прогласувањето епидемија на коронавирусот продолжуваат и крводарителните акции кои општинска организација на Црвен крст Тетово ги прави заедно со стручните тимови од Центар за трансфузиона медицина Тетово.

-Се организира крводарителска акција, со жители на село Брвеница во просториите на Општина Брвеница на ден 17 мај од 10 до 15 часот. Акцијата се одржува со оглед дека се отстранети мерките за забрана за движење на лица и по претходно дезинфектирање на просториите од страна на стручни лица каде ќе се организира акцијата, потенцираат од Црвениот крст.

Во Центарот за трансфузиона медицина Тетово, сместен во Клиничката болница во Тетово се евидентирани 57 лица доброволци кои донирале крв од 4 до 11 мај. ас/рп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Трајчулески: Тоа што Мицкоски е разочаран од Конгресот е добра вест за СДСМ

Колку реални се попустите за „Black Friday“: Маркетинг стратегија или вистински заштеди?

Чибишев: Воздух во Скопје станува алармантен, Здравјето нема цена !