Струмица, 8 април 2020 (МИА) -Од утре, кога е пазарен ден во општинскиот центар Ново Село, повторно ќе биде отворен зелениот пазар, но со рестриктивни мерки за спречување на ширење на коронавирусот, соопштија од општина Ново Село и ЈПКД „Комуна“.
-На пазарот ќе биде дозволено само продавање на храна, односно на земјоделски производи за да можат граѓаните да се снабдат со основните продукти. На продавачите на текстил, облека, обувки и слично им се забранува продавањето на пазарот, стои во известувањето.
Продавачите на пазарот ќе бидат распоредени на препорачаното растојание, а се апелира до граѓаните да излезат на пазар само по потреба, да носат заштитни маски по можност и да избегнуваат пазарење во групи, односно да оставаат доволно растојание помеѓу луѓето при пазарење.
Во овој период на рестриктивни мерки организирањето на сточниот пазар во Ново Село е забрането. рт/ир